Ѓоковиќ во декември прележа ковид затоа е ослободен од вакцинација, тврдат неговите адвокати

Ѓоковиќ во декември прележа ковид затоа е ослободен од вакцинација, тврдат неговите адвокати

пред 2 години

Адвокатите на светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ привремена виза за влез во земјата и добил „медицинско ослободување од вакцинација против Ковид“ од Тенис Австралија поради неговата неодамнешна инфекција. Тие денеска приложија документи до австралискиот суд, во кои пишува дека тој добил ослободување од вакцина за да влезе во Австралија, по инфекцијата со Ковид на 16 декември, објави Би-би-си.

Според документите, во потврдата за ослободување е забележано дека 14 дена откако бил позитивен на тестот во декември, играчот „немал треска или респираторни симптоми на Ковид-19 во последните 72 часа“.

Ѓоковиќ доби ослободување од вакцина од две независни медицински панели организирани од Тенис Австралија, телото што го води настанот, и државата Викторија.

Тенисерот моментално е сместен во хотелот за имиграциски притвор кој често беше критикуван од бегалците поради лошите услови. Поради тоа Србија побара од Австралија да го пресели во друг хотел.

Засега е нејасно до кога ќе остане таму. Ѓоковиќ ќе биде сослушан пред сојузниот суд во понеделник..

 

Share
Scroll to Top