Ѓоковиќ не освои ниеден медал на Олимпијадата: Знам дека ве разочарав

Ѓоковиќ не освои ниеден медал на Олимпијадата: Знам дека ве разочарав

пред 3 години

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, им се извини на фановите оти не успеа да освои барем еден медал на тенискиот турнир на Олимпијадата во Токио. Тој денеска загуби од Пабло Карено Буста во натпреварот за бронза во сингл, а поради исцрпеност и повреди го предаде мечот со Нина Стојановиќ во микс-дубл, кој исто така беше за бронза. Ѓоковиќ не криеше дека дојде во Јапонија да освои две злата.

„Се извинувам на сите во Србија што ги разочарав. Знам дека многумина чекаа медали од мене, а и јас очекував. Жал ми е за Нина, ама телото потполно ми откажа. Играв под лекови и болки и со ненормална исцрпеност. Се надевам само дека повредите нема да ме спречат да играм на УС-опен, зашто не е во прашање само една повреда“, рече Ѓоковиќ.

Тој додаде дека воопшто не жали што дошол во Токио.

„Срцето ми е на место зашто знам дека дадов сѐ од себе. Сакам да играм за Србија, но не успеав и одиме понатаму“, рече Ѓоковиќ и додаде дека сака да игра и на Олимпијадата во Париз за 3 години и да си го оствари сонот.

Ова за него е трето учество на ЛОИ и третпат губи во полуфинале.

Share
Scroll to Top