Јагуар ќе произведува само електрични автомобили од 2025 година

Јагуар ќе произведува само електрични автомобили од 2025 година

пред 3 години

Луксузниот бренд за автомобили, Јагуар ќе произведува само електрични автомобили почнувајќи од 2025, изјави британската компанија во понеделникот. Јагуар Ленд Ровер, кој е во сопственост на индијската компанија Тата Моторс, се надева дека со оваа промена ќе ја зголеми побарувачката на нивните автомобили.

Оваа промена значи дека и производството на автомобилите ќе се премести од Бирмингем во Солихул. Извршниот директор на компанијата изјави дека брендот се обидува да пронајде нови можности за зголемување на профитабилноста и раст на нивната вредност.

Share
Scroll to Top