Ќерката на Анџелина Џоли која сакаше да биде машко, облече краток фустан и ја засени славната мајка

Ќерката на Анџелина Џоли која сакаше да биде машко, облече краток фустан и ја засени славната мајка

пред 3 години

Шајло, ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, за која со години се зборуваше дека сака да го смени полот, во црн краток фустан ја засени глумицата на црвениот тепих во Рим. Таа и нејзината сестра Захара се со Анџелина во Европа, каде што глумицата го промовира новиот филм „Етерналс“.

Новиот стил на Шајло ја изненади јавноста, бидејќи во медиумите со години се пишуваше дека таа сака да стане момче и дека планира да ги смени полот и името. Шајло на премиерата во Рим носеше црн фустан во комбинација со шарени патики, а во фустан се појави и на премиерата на „Етерналс“ во Лос Анџелес.

По ова, светските медиуми пишуваат дека 15-годишната Шајло го наследила најдоброто од своите родители, па тешко е да се процени дали повеќе личи на Бред или на Анџелина.

„Шајло освојува со ангелската насмевка и очите, но и со изборот на облека“, пишува магазинот „Пипл“.

Не е првпат ќерките на Џоли да го привлечат вниманието повеќе од нивната мајка. Медиумите пишуваат дека Захара има префинет вкус за мода. Таа сака да ги позајмува фустаните од нејзината мајка, па на американската премиера дојде облечена во стар фустан што Џоли го носеше на доделувањето на Оскарите во 2014 година.

И најмалата ќерка Вивиен внимава на стилот, и сè почесто оди на јавни настани со Анџелина, а избира парчиња од плакарот на својата мајка .

„Моите ќерки сакаат да ја носат мојата облека“, изјави неодамна Анџелина.

(Фото) Џоли на премиера дојде со сите ќерки кои носеа нејзини стари парчиња облека

Share
Scroll to Top