Ќерката на најбогатиот султан во светот се омажи за братучедот

Ќерката на најбогатиот султан во светот се омажи за братучедот

пред 2 години

Принцезата Азема, ќерка на султанот од Брунеи, неодамна се омажи за принцот Бахар. Татко ѝ е еден од најбогатите владетели во светот, има 12 деца, а за Азема приредил прослава, која траела 7 дена. Она што привлече внимание е информацијата дека младенците се во крвно сродство. Принцот Бахир ѝ е братучед на Азема, односно син на братот на султанот, Џефри.

Нивните семејства во Брунеи организирале 7 луксузни церемонии, кои, меѓу другото, опфатиле размена на подароци и предавање кралски обележја.

Матен, принц и брат на принцезата Азема, сподели фотографии на својот „Инстаграм“.

Невестата носела венчаница со долги ракави, покриена со скапоцени камења, а младоженецот на венчавката носел бела војничка униформа со златни детали.

Таткото на Азема, султанот од Брунеи, Хасанал Болкијах ибни Омар Али Саифудиен III, стекнал огромно богатство, кое го троши на екстравагантни работи. Вредноста на неговото богатство се проценува на речиси 35 милијарди евра, а тој ја носи титулата најбогат владетел во светот.

За султанот од Брунеи, ништо не е обично, вклучувајќи го и името. Содржи 75 букви и гласи вака: Кебавах Дули Јанг Маха Мулија Падука Сери Багинда султан Хаџи Хасанал Болкијах Муизадин Вадаулах ибни ал-Мархум султанот Хаџи Омар Али Саифудиен Са’адул Каири Вадиен-Дангаерт Брунеи Дарусалам.

Повеќе извори тврдат дека султанот од Брунеи поседува 7.000 луксузни автомобили, меѓу кои 365 „ферари“, 275 „ламборгини“, 258 „астон мартин“, 172 „бугати“, 230 „поршеа“, 350 „бентли“, 600 „ролс-ројс“, 440 „мерцедеси“, 265 „аудија“, 237 „јагуари“.

Сепак, не се знае каде ги чува иако се шпекулира дека, всушност, ги издава за да обезбеди дополнителни приходи. Дури се шпекулира дека овој султан поседувал повеќе од половина од сите продадени „ферари“ помеѓу 1990 и 2000 година.

Кралската палата на султанот од Брунеи, „Истана Нурул Иман“, е изградена во 1984 година и се простира на огромни два милиона квадратни метри. Според Гинисовата книга, оваа палата е најголема во светот. Надворешниот ентериер се состои од купола направена од дваесет и двокаратно злато, 1.700 соби, пет огромни базени и 257 бањи. Во палатата има и 110 гаражи, 564 лустери за кои се потребни 51.000 светилки.

Палатата во која живее не е отворена за јавноста, туку се користи за важни државни функции и специфични муслимански празници кога за време на Рамазан-бајрам доаѓаат речиси 110.000 луѓе. Се проценува на повеќе од 1,5 милијарда евра, но веројатно никогаш нема да излезе на отворен пазар, па цената ќе остане тајна.

Султанот од Брунеи поседува и авион „боинг“, кој има позлатени прозорци и врати и кожени седишта. Тој има своја приватна зоолошка градина, која содржи 30 бенгалски тигри, неколку соколи и безброј фламинго и какаду. Хасанал се женел вкупно трипати додека веќе бил во брак. Тој првпат се оженил со својата сопруга Раџа во 1965 година, но се оженил и со Хаџа во 1982 година и со Ариназа во 2005 година – од последните две се развел во 2003 и во 2010 година, пренесува The Scoop.

Султанот од Брунеи имал многу жени, но три се истакнале како посебни во неговиот живот. Првата сопруга на Анак Салех е и негова братучетка, а тој се оженил со неа на 19 години. Со неа има два сина и четири ќерки. Неговата втора сопруга по професија била стјуардеса, а тој ја запознал како дел од екипажот на авион што станал државна сопственост. Третата работела како келнерка на забави, кои и денес многу често ги организира, а со неа се оженил во 2005 година, иако таа е повеќе од три децении помлада од него. Од овие три брака султанот има пет сина, седум ќерки и десет внуци.

Бил опседнат со жени и проститутки, па дури имал и свој харем со 40 жени.

Share
Scroll to Top