Ќерката на Џоли сака да се пресели кај Бред Пит, но глумицата не дозволува

Ќерката на Џоли сака да се пресели кај Бред Пит, но глумицата не дозволува

пред 3 години

Една од ќерките на Анџелина Џоли, Вивиен, сака да се пресели да живее со нејзиниот татко Бред Пит, но, глумицата не ѝ дозволува, пренесуваат светските медиуми. Токму Вивиен досега се сметаше за најтаинственото дете во семејсвото на славната двојка.

Таа долго време го имаше статусот и на најпроблематично дете, а сега медиумите пишуваат дека борбата околу старателството кое ја водеа Бред и Џоли се водела токму за неа. Речиси цела година во јавноста се зборува дека токму таа сака да се пресели кај татко ѝ, но Џоли не и дава.

Пријатели велат дека таа сака да се пресели кај татко ѝ поради проблемите и несогласувањата кои ги има со Џоли. За потсетување, Вивиен е една од близнаците на Бред и Џоли. Таа е родена во Франција, а нејзиниот брат Нокс е само една минута постар од неа.

Токму нивните фотографии Бред и Џоли ги продадоа на магазинот „Пипл“ за 15 милиони долари, а потоа парите ги донираа за добротворни цели. Досега најинтересно што јавноста можеше да слушне за нив е дека и двајцата се школуваат од дома.

Вивиен тргна и по стапките на мајка ѝ и заедно глумеа во филмот Maleficent во кој ја глумеше младата принцеза Аурора. Медиумите сега пишуваат дека таа ја замени улогата на нејзината постара сестра Шајло и сега е поиинтересна за јавноста.

Претходно медиумите на големо пишуваа за Шајло и нејзината желба да биде машко. Шајло беше прифатена како трансродно девојче кое сакаше да се облекува и да се однесува како машко.

Share
Scroll to Top