Ќе се жени британскиот премиер Борис Џонсон

Ќе се жени британскиот премиер Борис Џонсон

пред 3 години

Премиерот на Велика Британија 56 годишниот Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс, ќе се венчаат ова лето. Свадбата ја закажаа на 30 јули 2022 година, пренесува „Ројтерс“.

Борис и Кери се свршија во 2019 година, но, тие венчавката ја одложија поради пандемијата со коронавиурсот. Тие добија син Николас кој се роди минатата година на 29. април.

Името му го дадоа по еден од лекарите кои му помогнаа на премиерот во оздравување од коронавирусот. Ова ќе биде трет брак за Џонсон кој за првпат се ожени во 1987 година со Алегра Мостин-Овен, но се разведе во 1993 година кога и се венча со Марина Вилер со која има 4 деца.

Бракот заврши во 2018 година. За Кери Симондс ова ќе биде прв брак.

Share
Scroll to Top