Пејачот Џастин Бибер и поп дуото „Dan + Shay“ добија тужба поради кражба на нивниот хит сингл „10.000 Hours“, при што биле пронајдени сличности на 47 музички секвенци.
Наводно дел од синглот е украден од песната „The First Time Baby Is A Holiday“, која е напишана далечната 1973 година, но излезена дури во 2014 година.
Тре Лауел застапник на тужителот, International Manufacturing Concepts, Inc., вели дека неговиот клиент ќе бара правда на суд.
Човекот кој ги тужел, барал забрана со која би се стопирала идната дистрибуција на песната, парична исплата и официјално да се каже кој е авторот на таа песна.