Џенифер Анистон и Винс Вон повторно заедно

Џенифер Анистон и Винс Вон повторно заедно

пред 2 години

Популарната холивудска глумица Џенифер Анистон е во врска со нејзиниот, поранешен партнер и колега Винс Вон, пишуваат светските таблоиди. Двајцата беа и претходно заедно, откако Анистон се разведе од Бред Пит, но никогаш јавно претходно не признаа дека се во врска.

Вон е познат по голем број на акциски и хумористични улоги, а во едно од поранешните интервјуа за Vogue, Анистон само признала дека Вон е забавен, згоден и дека би бил совршен за неа.

Потоа навестила дека меѓу нив има и нешто повеќе од само пријателство, но Винс пак, од друга страна, во разговор за Rolling Stone, откри нешто сосема поинакво.

Кога новинарот го прашал дали се вистинити шпекулациите дека Џениер се заљубила во него, додека снимале заедно филм, тој само знаковито го прочистил грлото, поминал со прст преку устата, што претставувало знак за водителот треба да замолчи и се загледал во празно.

Гласините за нив двајцата, се раширија откако го снимија филмот „The Break-Up“, а неколку месеци подоцна биле видени во Чикаго како се бакнуваат. Потоа потврдија дека се во врска.

„Винс ми е само пријател“, изјавила Анистон во разговор за Еlle, на крајот на 2005 година. Го обожавам. Тој е вкусен и забавен. Но, не сакав да влегувам во врска поради разводот со Бред. Ако нешто треба да се случи, ќе се случи“, изјавила кратко Анистон.

Во друго интервју за Vanity Fair, таа потврдила дека не се во врска и дека едвај се познаваат.

„Бевме само на вечера со режисерот и со членовите на филмската екипа. Допрва треба да се запознаваме“, изјавила таа.

Но, Винс по завршувањето на снимањето на филмот, не можејќи да молчи за нивната врска, јавно обелодени дека се заедно. Додека гостувал во шоуто на Дејвид Летерман, тој изјави дека таа е супер, но дека не сака да зборува за нивната врска.

 

Share
Link with us
Game bài đổi thưởng
Scroll to Top