Џенифер Анистон ќе биде сама за Божиќ

Џенифер Анистон ќе биде сама за Божиќ

пред 5 месеци

Холивудската глумица Џенифер Анистон ќе биде сама за Божиќ, пишува магазинот Heat UK. Извор близок до ѕвездата од „Пријатели“, открива дека Анистон поради пандемијата не може да направи голема божиќна забава со семејството и пријателите.

„Анистон е несреќна затоа што ќе седи дома сама со своите кучиња. Се надева дека можеби ќе и дојдат двајца или тројца пријатели во посета“, открива изворот.

Тој вели дека Анистон најмногу се радува на посетата на глумицата Кортни Кокс, со која има силен пријателски однос, уште од времето кога глумеа во „Пријатели“.

„Анистон се плаши затоа што Кортни се уште нема потврдено дека ќе дојде со нејзината 16 годишна ќерка и нејзиниот партнер Џони. Се плаши дека можеби ќе имаат други планови за Божиќ“, открива изворот.

Тој објаснува дека карантинот оставил голема трага на Анистон и глумицата со нетрпение чека повторно да излегува и да се дружи со луѓе. Наводно и здосадиле состаноците на слепо со мажи преку Zoom. Таа се откажа од тоа и сега само лежи пред телевизорот со кучињата.

Share

AnimeDao animedao dororo: Watch Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen (Dub) Episode Preview

KissAnime kissanime fairy tail: That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (https://kissanimeonline.com/m/JM1L) Episode 12

Scroll to Top