Џејми Фокс ќе остане во болница, лекарите сè уште не можат да откријат што му е

Џејми Фокс ќе остане во болница, лекарите сè уште не можат да откријат што му е

пред 2 години

Американскиот глумец Џејми Фокс сè уште се опоравува во болница каде лежи веќе недела дена откако претрпел некаква медицинска компликација, пренесуваат светските медиуми.

„Ја чувствува љубовта кон сите“, рече само извор близок до него за Entertainment Tonight и додаде дека Фокс е сè уште е хоспитализиран во болница во Џорџија. CNN пренесе дека лекарите му направиле тестови за да откријат што му се случило, но досега не можат да најдат некакво објаснување.

Семејството досега не објавија никакви новости за неговата здравствена состојба. Единствено досега неговата ќерка Кортни, напиша на „Инстаграм“ пред осум дека дека татко ѝ завршил во болница.

„Татко ми, Џејми Фокс, доживеа медицинска компликација“, напиша Кортни во објавата и додаде дека благодарение на брзата акција на лекарите, глумецот успешно се опоравува.

За потсетување, Фокс беше во Атланта на снимањето на новиот филм на „Нетфликс“, „Повторно во акција“, а извор претходно рече за „Си-ен-ен“, дека медицинските компликации не се случиле за време на снимањето и дека Фокс не бил однесен со возило на итна помош во болница.

Извор близок до продукцијата на филмот рече дека снимањето е во тек и се очекува да заврши следната недела. Изворот не појасни дали Фокс има уште сцени за снимање и дали ќе се врати на сетот.

Share
Scroll to Top