Џеј Ло ја скрати косата, нејзината нова фризура подмладува и се стилизира за пет минути

Џеј Ло ја скрати косата, нејзината нова фризура подмладува и се стилизира за пет минути

пред 5 години

Последната насловна страница на магазинот Rolling Stone ја краси Џенифер Лопез (51), која храбро ја претстави својата нова боб фризура. Како што сака да експериментира со модата, така таа низ годините ја докажа својата склоност кон промена на фризурата. Со најновиот избор успеа да ги израдува своите бројни фанови на Инстаграм.

Џеј Ло се одлучи за голема промена која ги воодушеви нејзините следбеници, а коментарите и комплиментите на социјалните мрежи не престануваат.

Ако се двоумите дали оваа фризура ќе излезе од мода кога ќе се потстрижете, не грижете се, бидејќи „боб“ фризерите предвидуваат голема популарност во текот на целата година. Неговата предност е што е многу разноврсна, а разновидноста во фризурите не дозволува да биде досадно во ниту еден момент.

Оваа фризура е една од најмодерните сезонава, а фризерите на сите им ја препорачуваат бидејќи подмладува и му дава посвеж изглед на лицето, а и лесно се стилизира. Па, речиси и да нема личност која ја има, а притоа да не изгледа добро.

Џенифер Лопез речиси секогаш има совршено стилизирана фризура и е во склад со најновите трендови, па не сме изненадени што жените ширум светот на своите фризери им покажуваат фотографија од косата на оваа латино дива.

Share
Scroll to Top