Џил Бајден на ручек со британскиот премиер: прослава во Даунинг стрит по крунисувањето на Чарлс Трети

Џил Бајден на ручек со британскиот премиер: прослава во Даунинг стрит по крунисувањето на Чарлс Трети

пред 10 месеци

Првата дама на САД, Џил Бајден денеска учествуваше на ручек на отворено, во седиштето на британската влада, по крунисувањето на Чарлс Трети.

Вакви ручеци на отворено се организираат низ цела Велика Британија.

Џил Бајден беше пречекана од британскиот премиер Риши Сунак и неговата сопруга Акшата Мурти. Првата дама на САД им се придружи на десетици други гости во дворот на Даунинг стрит.

Меѓу гостите беа волонтери, украински семејства и младински групи.

Ден по церемонијата на крунисувањето, Британците се поканети да се соберат на излети и ручеци со своите соседи.

Прославата на крунисувањето на Чарлс Трети и неговата сопруга Камила продолжува вечерва со голем концерт во замокот Виндзор.

Share
Scroll to Top