Џорџ Клуни им дал по еден милион долари на 14 свои пријатели

пред 6 месеци

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни во интервју за „Џи-кју“ призна дека на 14 негови пријатели им дал во кеш по еден милион долари. Ова се случило 2013 година, и иако сопругот на Синди Крафорд, бизнисменот Ренди Гербер одмна ја раскажа приказната, Џорџ до сега молчеше и не сакаше да открива детали.

„Во септември 2013 година ги поканив пријателите на вечера, непосредно пред премиерата на филмот ‘Гравитација’. Картите за премиерата беа распродадени во рекордно време, а јас имав договор според кој освен фиксната плата, требаше да земам и процентот на приходот од киноблагајните. Ист договор имаше и Сандра Булок, со која глумевме заедно. Во тоа време уште не се познавав со Амал, немав ни поблиско семејство со кое можам да делам сè, решив успехот да го прославам со нив“.

Тој на секој од луѓето што биле дојдени на вечерата им дал по еден милион долари.

„Си помислив, сѐ што имам се овие момци кои, сите во последниве 35 години, ми помогнале на еден или друг начин. Спиев на нивните каучи кога ми беше тешко, ми позајмија пари кога немав, ми помогнаа токму тогаш кога ми требаше помош во минатото. Па вака сакав да им се заблагодарам“, раскажал Клуни за „Џи-кју“.

Следниот филм кајшто Клуни ќе се појави е драмата „Полноќно небо“, чија премиера е закажана за 23 декември годинава.

Share

ANIMEFLIX animeflix haikyuu: DARLING in the FRANXX (https://animeflix.nl/m/YMqN) Episode 24

KissAnime kissanime free: Spirit Chronicles (https://kissanimeonline.com/m/MVBQ) Episode Preview

Scroll to Top