Австралијците не му дозволија на Ѓоковиќ да игра на Австралија опен, а сега реагираа и побараа за нивна олимпијка, која е позитивна на ковид, да игра на ЗОИ во Пекинг.
Станува збор за Австралијката Тали Гил која се натпреварува во карлинг. Таа добила позитивен тест на ковид-19 и била опомената дека треба да ја напушти Кина заедно со нејзиниот партнер во карлинг Дин Хјуит.
Како што пренесуваат медиумите, таа веќе била подготвена да ја напушти земјата, но, пред мечот со Швајцарија сепак добила потврда дека може да остане. Потврдата дека може да продолжи со натпреварувањето ја добила по вложената жалба на државата Австралија.
Иако е позитивна на ковид, Гил ќе може да настапи на Зимските олимпсики игри. Еден бразилски медиум направи споредба со случајот со Ѓоковиќ на Австралија Опен всушност и оцени дека тогаш станувало збор за политички прогон против најдобриот тенисер на светот.

Веста ја прене со наслов, „Откако Ѓоковиќ го третираа како лопов, Австралијка доби дозвола да се напреварува со Ковид-19“, потенцирајќи дека на австралиските валсти не им било важно здравјето на тамошните граѓани како што тоа тие сакаа да го претстават во јавноста.
За потсетување, на Ѓоковиќ не му беше дозволено да настапи на Австралија опен поради проблемите со ковид пропусницата, а по неколку дена престој во хотел за мигранти тој беше депортиран од земјата.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Патување на Марс и вирус на зомбиња: предвидувањата на „Симпсонови“ за 2023 година
Почина фолк пејачката Андријана Андреевска која боледуваше од рак на белите дробови
(Видео) Соларна бура ќе ја погоди Земјата на 19 јули
Илон Маск: Хуманоиден робот ќе биде дел од секој дом до 2050. година
Бившиот ѝ се заканува на Тања Савиќ со домашни видеа
Почина српскиот глумец Лане Гутовиќ, кој за публиката секогаш ќе остане Среќко Шоиќ
