Илон Маск: Хуманоиден робот ќе биде дел од секој дом до 2050. година

Илон Маск: Хуманоиден робот ќе биде дел од секој дом до 2050. година

пред 2 години

Американскиот милијардер, бизнисмен и визионер Илон Маск тврди дека до 2050. година во секој дом ќе има хуманоиден робот. Во неодамнешното интервју рече дека неговата компанија „Тесла“ развива технологија за самоуправување и ја пренесува својата работа на роботиката.

Истакна додаде дека во блиска иднина, повеќето домови ќе имаат хуманоиден робот. Како услов го наведе напредокот на технологијата за вештачка интелигенција.

„Додека го решавате проблемот со технологијата за вештачка интелигенција за автомобили, кои всушност се роботи на тркала, решението можете да го генерализирате и за роботите на нозе“, рече Маск.

Го истакна и фактот дека компаниите како Boston Dynamics покажле потенцијал во развој на хуманоидни роботи, но посочи и дека сè уште не сме многу блиску до користење на AI технологијата за да им помогнеме на домаќинствата.

„Работите што моментално недостасуваат се доволна интелигенција за роботот да се движи наоколу во реалниот свет и да прави корисни работи без потреба од експлицитни инструкции. Тоа се работи во кои ние во компанијата Tesla сме многу добри. Треба да дизајнираме специјализирани актуатори и потребни се сензори кои се потребни за хуманоиден робот. Луѓето сè уште не се свесни за тоа, но ова ќе биде позначајно од автомобилот“, рече Маск.

Нагласи и дека светот ќе мора да работи напорно за да избегне дистописко сценарио кога е во прашање технологијата на вештачка интелигенција. Маск рече дека неговата компанија Neuralink е делумно основана со цел да се ублажи заканата од AI технологијата.

Американскиот бизнисмен рече дека локализираниот ROM чип кој нема можност за ажурирање „over the air“ може да помогне во одржувањето на безбедноста, вклучително и способноста роботот да ја препознае командата и да ги прекине тековните активности кога некое тоа го бара некое лице. Тој исто така додаде дека треба да има регулаторна агенција за технологијата на вештачка интелигенција.

Маск верува дека хуманоидниот робот прво ќе извршува опасни и здодевни работи кои човекот не сака да ги прави, а потоа ќе стане понапреден и тоа ќе му овозможи да се грижи за луѓето, да подготвува оброци, да го коси тревникот и многу повеќе.

Share
Scroll to Top