Австријка го откажала греењето затоа што се плаши од сметката за гас, живее и спие во соба во која температурата е пет степени

Австријка го откажала греењето затоа што се плаши од сметката за гас, живее и спие во соба во која температурата е пет степени

пред 2 години

Инфлацијата сè повеќе влијае на секојдневието на Европејците, па така Австријката Катрин К. на локалните медиуми им открила дека живее и спие во стан во кој температурата е 5 степени. Објасни дека не можела да си дозволи да го затопли домот, затоа што трошоците и пораснале.

Како што пренесува порталот Heute, голем број домаќинства од средната класа живеат во сиромаштија. И покрај работната недела од 40 часа, повеќето не можат да се изборат со сè поголемите сметки.

Катрин живее сама во станот од 75 квадрати. Иако платата не ѝ е мала, сепак вели дека сметките ѝ ги надминале приходите.

„На крајот на месецот не ми останува ништо. И сега ми се собраа сите годишни сметки. Веќе почнав да трошам од заштедата“, рече Катрин и објасни дека морала да се откаже од греењето.

„Повеќе не се осудувам да уклучам греење, затоа што се греев на гас, а цената тројно се зголеми. Имам некоја заштеда, но тоа е сè што сега можам да направам“, рече Кетрин.

Во дневната соба температурата ѝ е пет степени, а понекогаш може и се симнува и помалку, зависно од надворешната температура.

Спиам во облеката за џогирање, во вреќа за спиење замотана во неколку ќебиња“, рече Кетрин.

Објасни дека спие без греење затоа што се плаши од наредната сметка за гас.

„Доколку цените продолжат вака да растат и понатаму ќе ми студи во станот“, рече таа.

Share
Scroll to Top