Автопортрет на Ван Гог најден скриен зад една од неговите слики

Автопортрет на Ван Гог најден скриен зад една од неговите слики

пред 2 години

Автопортрет на холандскиот уметник Винсент ван Гог е откриен скриен зад неговата слика „Глава на селанка“ од 1885 година. Од Националната галерија на Шкотска соопштија дека автопортретот е откриен за време на рендгенското испитување на делото. Сликата била скриена зад картон и слоеви лепак.

dobivaj vesti na viber

„Кога ја видовме рендгенската снимка за првпат, бевме многу возбудени. Вакво големо откритие се случува еднаш, двапати во животот на еден конзерватор. Да се има ваква слика е нешто многу, многу посебно“, рече конзерваторот на слики Лесли Стивенсон во видео споделено од Националната галерија на Шкотска.

Експерти во Националната галерија разгледуваат како да го отстранат лепилото и картонот што го покриваат автопортретот без да ја оштетат сликата. Сликата е на изложбата во Кралската академија во Единбург која ќе биде отворена на 30 јуни.

Share
Scroll to Top