Британската поп-ѕвезда Адел рече дека наскоро ќе гостува кај американската водителка Опра Винфри и дека ќе открие сè за нејзиниот приватен живот.
Таа ќе зборува за разводот, губењето на тежината и подигањето на синот, но и за нејзиниот нов албум. Емисијата ќе се снима во Лос Анџелес и ќе вклучува нејзини хитови и неколку нови песни.
Британските медиуми го нарекоа троубек или потсетување на разговорот на Опра со Хари и Меган. „Тоа ќе изгледа многу слично на фамозното интервју со принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс“, напишаа тие.
„Си-би-ес“ ќе ja емитува двочасовната емисија со наслов Adele: One Night Only на 14 ноември, само пет дена пред објавувањето на нејзиниот четврти студиски албум.
Покрај интервјуто, ќе има и концертна изведба во која публиката ќе може да ги слушне нејзините нови песни. Проектот е најавен како прв телевизиски разговор на Адел за нејзиниот нов албум, приказните зад песните, животот по разводот, губење на тежината и подигањето на својот син.
А според „Вараети“, Адел и Опра ќе седат на истото место каде Меган и Хари го дадоа своето интервју во март, во градината со рози на водителката.