Адел нема да му плаќа алиментација на поранешниот маж

Адел нема да му плаќа алиментација на поранешниот маж

пред 3 години

Британската пејачка Адел и официјално се разведе од Сајмон Конечки и, според договорот, нема да му плаќа алиментација на бившиот маж иако тој бараше од судот да добива месечен надомест од неа. Според судските докумнети што ги објави „Мирор“, тие се договориле да имаат заедничко старателство врз нивниот син.

Повеќето информации за нивниот развод се доверливи. „Мирор“ пишува дека деталите во врска со издржувањето на детето се изнесени во посебна пресуда, која не е отворена за јавноста.

Поранешните сопружници го поделија богатството од 140 милиони фунти што го стекнале за време на бракот. Иако Адел и Сајмон рекоа дека ќе се застапуваат себеси во случајот, пејачката сепак побара стручна помош за одредени делови од спогодбата за развод.

За потсетување, тие беа во брак седум години и имаат син.

Share
Scroll to Top