Јелена Карлеуша се скара со Марија Шерифовиќ и ја отследи на „Инстаграм“, иако ѝ беше најдобра пријателка.
Причината е што Шерифовиќ не ѝ честитала за објавените два нови албуми „Алфа“ и „Омега“, кои Карлеуша ги објави по 11 години музичка пауза.
„Немам проблем со Карлеуша. Ако таа има, мислам дека сите треба да го слушнеме. Навистина не знам, ова е мојот единствен одговор. Мислам дека има и други работи во животот што е поважно да ги поддржиме, кога е во прашање нашата работа, а тоа е кога камерите се гасат. Немам проблем со тоа. Ако Карлеуша има проблем, нека го реши сама“, и одговори Шерифовиќ.