Актерот Клиф Сајмон, најпознат по улогата на Ба’ал од серијата Stargate SG-1, почина на 58 години по несреќа на плажа. Веста ја потврд и неговото семејство.
Сопругата на Сајмон, Колет, на Фејсбук напиша дека тој починал откако се случила несреќа со кајт на плажата Топанга во Калифорнија.
„На повеќето од вас им беше познат како негативец што сакате да го мразите, Ба’ал од Stargate SG-1. Но, како што рече: ‘Актерството е тоа што го работам, тоа е само дел од тоа што сум’. И тој беше толку многу – уникатен, авантурист, морнар, пливач, танчер, актер“, напиша таа.
Сајмон имаше епизодни улоги и во сериите „Касл“, „24“, „Денови на нашите животи“, „Ен-си-ај-ес“ и други.
To Friends, family and fans,
It is with unimaginable heartbreak that I am sharing with you, that my beloved husband,…Posted by Cliff Simon on Thursday, March 11, 2021