Пејачот Александар Белов наполни 34 години. Роденденот го прослави во Крагуевац, каде што живее веќе неколку години, сам со сопругата Јелена. Вели, иако останале дома заради короната, си поминале убави и прославиле со торта и со омилената музика. Ни откри и дека догодина, за 35. роденден сака да направи голема журка, па да надокнади и за овој роденден.
„Овојпат замислив скромна желба, што побрзо да заврши ова лудило, а ние повторно да живееме и пееме нормално“, рече Александар за „Репортер“.
Откако почна пандемијата со короната, Александар долго време немаше настапи. Во тој период најде музичари и го формираше „Белов бенд“. Тие сега спремаат нови песни и очекуваат да почнат со свирки што поскоро.






