Топ моделот и поранешен ангел на Victoria’s Secret, Александра Амбросио (40) е во врска со поранешниот топ модел, Ричард Ли (57).
Парот е фотографиран додека уживаат во вечерна прошетка на летување во Бразил.
Неколку часа пред прошетката, тој на Инстаграм ја искажа својата љубов за Алесандра, објавувајќи ја целата песна којашто нејзе ѝ ја посветил.
„Ти, Алесандра, си мојата љубов. Ме проверуваш кога сум на каучот, се гушкаш со мене и кога не сум истуширан, ме разбираш и кога не те разбирам. Ние сме љубов“, напиша тој, надополнувајќи се на крај и на нејзиниот мајчин јазик, португалскиот.
Откако претходно во март годинава потврдија дека се во врска, фотографите често ги наоѓаат како разменуваат нежности во јавност. А само пред неколку дена беа на летување и во Мексико.
Тие заедно го прославија 40-иот роденден на Алесандра, а на вечерата присуствуваа и нејзините две деца од поранешниот свршеник Џејми Мазур.