Алекс Родригез промовира своја козметика за мажи

Алекс Родригез промовира своја козметика за мажи

пред 3 години

Поранешниот бејзбол-играч, Алекс Родригез, ја промовира својата прва линија козметички производи за мажи. Тој, во соработка со брендот Hims & Hers работеше на коректори за покривање на недостатоците на лицето. Линијата коректори од Родригез има осум нијанси.

Родригез, и неговата поранешна свршеница, Џенифер Лопез, лани вложија пари во овој бренд. И, иако во меѓувреме ја раскинаа свршувачката, Алекс продолжи да вложува во заедничкиот бизнис.

„Сакав да создадам производ што ќе ми го реши проблемот со кој се соочував секој ден. Сфатив дека трчам од состанок на состанок, па ми треба нешто брзо и лесно за секојдневното прикривање дамки и рани од бричењето“, вели Родригез во промотивното видео.

Производот чини 17 долари и помага за смирување и хидрирање на кожата.

Share
Scroll to Top