Се ожени синот на Тања Кочовска па со пиво наздрави среде Скопје

Се ожени синот на Тања Кочовска па со пиво наздрави среде Скопје

пред 2 години

Синот на актерката Тања Кочовска, Александар денес се ожени со неговата долгогодишна девојка Моника Саздовска. Веста ја сподели Тања на свој начин откако објави фотка и напиша: Да, бе, да..бидна“.

По ова следеа куп честитки и за малденците ама и за „свекрвица’, како што на шега ја наеруваат ѝ и напишаа пријатлите. Невестата е во едноствна бела комбинација, место класичен футсан, а Александар пак во сив костим. Пред неколку месеци тој ја побара за жена Моника во ноќниот клуб Сектор 909, кад што се запознале.

„Повеќе од симпатично, ми се јавува Ендру пред некој ден, ми вика Оги ако може да одам до Сектор 909 преку ден, сакам да ја побарам за жена девојка ми. Во Сектор ја запознав и во Сектор би ја побарал“, раскажа тогаш сопственикот на ноќниот клуб Огнен Узуновски Оги.

Александар е син од првиот брак на Тања Кочовска со актерот Владимир Ендровски – Љац. Од вториот брак со актерот Предраг Павловски ја има ќерката Нела.

А. Георгиев

 

Share
Scroll to Top