Алиша Кис во клуб нарачала моркови наместо пијалак

Алиша Кис во клуб нарачала моркови наместо пијалак

пред 9 месеци

Американската пејачка Алиша Кис имала необично барање во клуб, каде наместо пијалак нарачала, моркови. Нејзиниот сопруг, музичкиот продуцент Свис Биц во објава на социјалните мрежи раскажал како изгледало тоа.

„Бевме во клубот, уживавме, се беше супер. Нарачавме што сакаме, а келнерката ја праша Алиша дали сака пијачка – на што таа праша дали имаат моркови? Сакаше да нарача моркови во клубот“, раскажал продуцентот.

Таа се бранела велејќи дека во клубот имале храна, само не онаква каква што сакала да јаде, особено не на турнеја. Фановите веднаш ја поддржале во коментарите велејќи дека е легенда и да ја остават на мира.

Како алтернатива, други ѝ предложиле да остане на понудата што ја имаат, а нејзиниот сопруг открил дека на крајот таа всушност успеала да ги добие морковите што ги барала.

Инаку, Алиша е најпозната по нејзиниот број еден хит „Fallin“ и е добитничка на неверојатни 15 Греми награди. Пејачката има продадено над 35 милиони албуми, а кариерата ја започнала на само 15 години. Кис си вистинско име Алиша Ауџело Кук и Свиз Биц се во хармоничен брак од 2010 година, а заедно имаат две деца, Египет Дауд (12) и Џенезис Али Дин (8), а тој има уште три од претходни врски.

Се запознале уште кога биле тинејџери, а пејачката открила дека со години била незаинтересирана и не сакала да биде дел од неговото друштво. Сепак, таа неодамна открила дека клучот за бракот е времето што го поминуваат еден со друг и рамнотежата помеѓу деловните и личните обврски.

Share
Scroll to Top