Амберт Херд бара повторување на судењето против Џони Деп

Амберт Херд бара повторување на судењето против Џони Деп

пред 2 години

Адвокатите Амбер Херд поднеле жалба до судот во Вирџинија и бараат да се поништи одлуката и да се спроведе сосема ново судење во случајот за клевета против нејзиниот бивши сопруг Џони Деп. Амбер го изгуби случајот на почетокот на годинава, пренесе „Дејли Мејл“.

dobivaj vesti na viber

Херд минатиот месец поднела жлба и смета дека судењето било неправедно. Таа тврди дека не биле користени нејзините белешки во кои го пријавила Дел дека ја злоставувал. Претходно белешките ги отфрли судијата Пени Азкарат од Вирџинија.

Во јуни беше донесена пресуда со која Деп доби 10,35 милиони долари отштета, откако беше утврдено дека нејзиниот текст во весникот „Вашингтон пост“, во кој го обвини Деп за семејно злоставување, е клевета.

Иако Херд не го именуваше Деп во текстот, поради нивниот статус и медиумски публицитет, јасно беше за кого станува збор.  Нејзините адвокати во барањето објасниле дека судот непрописно ја спречил поротата да ги разгледа случаите во кои Херд го пријавила злоставувањето на Деп кај медицински експерт.

„Ваквата одлука во иднина ќе им отежне на голем број експерти и други жртви кои се злоставувани, да ги докажат наводите и веројатно ќе ги одврати од судења“, напиша нејзиниот адвокатски тим и објасни дека пресудата ќе има лошо влијание на другите жени кои ќе сакаат да зборуваат за злоставување.

„Овој случај исто така никогаш не ни требаше да оди на судење, затоа што друг суд веќе заклучи дека Деп ја злоставувал Херд во повеќе наврати“, додале тие во барањето, реферирајќи на пресудата на Високиот суд на Обединетото кралство во посебна тужба за клевета.

Нејзиниот правен тим кој сега се состои од друга екипа адвокати, од оние кои ја застапуваа за време на судењето во живо, исто така тврдат дека судењето кое се одржало во Фарифакс во Вирџинија, требало да се одржи во Калифорнија, каде двајцата претходно живееле заедно.

На случајот се жалел и правниот тим на Деп. Тие тврдат дека точките по обвинението за клевета против Херд за кој глумецот е осуден е погрешна. Напишале дека пресудата на поротата за сите три клеветнички изјави се наведени во неговата тужба и во целост го оправдуваат господинот Деп и му го вратиле угледот.

За двете жалбени барања ќе одлучуваат група судии. Зависно од тоа кој правен тим на крајот ќе загуби ќе имаат можност да се жалат пред Врховниот суд во САД.

Share
Scroll to Top