Амбер Херд за прв пат се појави во јавноста откако го загуби судењето со нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп.
Таа е видена како лета за Њујорк на еден ден со приватен авион. Како придружба беше нејзината сестра Витни и еден од нејзините помошници, а само неколку часа подоцна повторно се качија во авионот и се вратија во Вашингтон. Патувањето на Амбер Херд изненади многумина на социјалните мрежи, бидејќи нејзините адвокати секојдневно за медиумите тврдат дека таа не може да му ја плати на Деп отштета, а сега одлучила да отпатува во Њујорк на само неколку часа, со приватен авион.
Да потсетиме, адвокатскиот тим на Деп, кој го сочинуваат Камила Васкез и Бенџамин Чу, објавија дека постои можност Деп да и прости 8 милиони долари отштета на Амбер, откако нејзиниот адвокатски тим инсистираше дека таа не може да си го дозволи и ќе поднесе жалба на пресудата.
Да потсетиме, Џони Деп ја тужеше Амбер Херд за клевета, тврдејќи дека тоа му го уништило угледот и кариерата, бидејќи во една колумна објавена од „Вашингтон пост“ во 2018 година напишала дека трпела семејно насилство. Иако актерката не го спомна познатиот актер, оваа колумна привлече големо внимание, а Деп поради последиците ја поднесе споменатата тужба. Судењето траеше шест недели.