post-image

Амбер Херд ја продаде куќата во Калифонија, откако го загуби судскиот процес со Џони Деп

пред 2 години

 Амбер Хард ја продала куќа во Калифорнија за еден милион долари, пишува TMZ. Договорот бил склучен на 18 јули, а актерката има голема заработка од продажбата.

dobivaj vesti na viber

Куќата се наоѓа во гратчео Јука Валеј, карактеристично по пустинскиот пејзаж. Кога ја купила во 2019 година, наводно платила 570.000 долари за куќата, а сега истата ја продала скоро двојно повеќе.

Откако го загуби судскиот процес во која екс сопругот Џони Деп ја тужеше за клевета, Амбер Херд мора да му плати на холивудскиот актер оштета од 10,4 милиони долари.

Нејзиниот адвокат пред два месеци потврди дека актерката нема толку пари, и најверојатно поради тоа Амбер сега ги продава своите недвижнини.

Share
Scroll to Top