Американка тврди дека е во брак со духот на Мајкл Џексон: Немаме секс, но среќни сме

Американка тврди дека е во брак со духот на Мајкл Џексон: Немаме секс, но среќни сме

пред 3 години

Американката Кетлин Робертс тврди дека се омажила за духот на починатиот крал на поп-музиката, Мајкл Џексон. Кетлин за себе вели дека е реинкарнација на Мерилин Монро и тврди дека со духот на Мајкл Џексон ја венчал Мартин Лутер Кинг Џуниор, пренесува „Њујорк пост“.

„Иако немаме секс, ние сме среќни, особено Мајкл, кој преку моето тело може да танцува, да пее и да јаде“, рекла таа.

„Мајкл е со мене цело време, ме следи секаде. Тој многу сака да јаде колачи и пцуе многу повеќе отколку што очекував како негова поранешна обожавателка. Често посочува недостатоци или грешки. Верувам дека тоа го наследил од неговиот татко, затоа се обидувам да го толерирам, затоа што го сакам и затоа што самата не сум совршена,“ додала Кетлин.

Share
Scroll to Top