Американската управа за лекови призна дека ПЦР-тестовите не се веродостојни

Американската управа за лекови призна дека ПЦР-тестовите не се веродостојни

пред 4 години

ПЦР-тестовите не се веродостојни, пишува српски Курир, повикувајќи се на порталот „Логично“. Српскиот портал пишува дека медицинска сестра од Тексас тоа го прочитала на страницата на Американската Управа за Храна и Лекови (ФДА), за итно одобрение на лекови и препарати.

На сајтот можат да се видат страници и страници писма, кои агенцијата ги одобрила на компаниите да ги продаваат или користат ПЦР-тестовите за дијагноза на Ковид-19, иако ФДА признава дека тестовите се недокажани, ограничени и дека имаат познати ризици.

ФДА призава дека тестовите не ги исполнуваат стандардните осигурувања на квалитет. Едно од таквите писма било испратено до една лабораторија во Конектикат.

„Разбумно е да се верува дека вашиот производ може да биде ефикасен во дијагностицирањето на Ковид-19 и дека се познати потенциалните бенефити од истиот, кога се користи за дијагноза на Ковид-19 и дека истите се поголеми од познатите потенцијални ризици“, пишува во писмото.

Со други зборови, ПЦР-тестот може да пропадне и да има познати ризици, но ние веруваме дека донекаде може да биде користен.

Писмото го оправдува таквото непормислено одобрување, затоа што САД очигледно е во вонредна состојба. Јавното здравство има значителен потенцијал да влијае на националната безбедност или здравје и безбедноста на граѓаните на САД кои живеат во странство.

Бидејќи станува збор за вонредна состојба, писмото се откажува од барањата за добра производствена пракса, вклучувајќи ги и барањата за системот за квалитет. Со други зборови, можете да направите лош комплет за тестирање, a ние ќе погледнеме на другата страна.

Понатаму во писмото се признава дека не постои одговарачка, одобрена и достапна алтернатива.

„Дали тоа значи дека ПЦР тестот е неадекватен и неодобрен?“, стои во писмото.

Се чини дека немаме вирусна пандемија, а имаме ПЦР пандемија на лажни тестови кои можат да откријат кој знае што друго.

Извор/Курир.рс

 

Share
Scroll to Top