Селин Дион првпат ќе глуми во филм

Селин Дион првпат ќе глуми во филм

пред 3 години

Откако испеа неколку филмски хитови, светската ѕвезда Селин Дион наскоро првпат ќе глуми во филм. Станува збор за филмот „Порака за тебе“, кој е римејк на германскиот филм SMS Fur Dich. Ова е приказна за жена која му испраќа пораки на својот починат вереник, без да знае дека неговиот телефонски број е доделен на друга личност, човек кој исто така се бори со загуба.

Во оваа романтичната драма, освен Селин, ќе глумат и поранешната Мис на светот, Пријанка Чопра и ѕвездата на серијата „Аутлендер“, Сем Хоган.

52-годишната Дион се запиша во историјата на филмската музика кога ја испеа песната Beauty and the Beast за истоимениот анимиран филм на Дизни. Потоа со My Heart Will Go On за филмот „Титаник“ срушти неколку рекорди на заработка и за песна кога била најдолго на врвот на топ листите. Таа испеа песна и за саудтрекот на филмот „Дедпул 2“, а многу нејзини песни се користени во светски филмски хитови.

Share
Scroll to Top