Американска манекенка се омажи за своето куче: Тој никогаш нема да ме остави

Американска манекенка се омажи за своето куче: Тој никогаш нема да ме остави

пред 3 години

Поранешната американска манекенка Елизабет Хоад, по 220 неуспешни состаници со мажи, се омажи за своето куче Логан. 49-годишната Хоад се венча во католичка црква со нејзиниот 6-годишен златен ретривер.

На венчавката имало 20 поканети гости. Невестата носела венчаница, а нејзиното куче било облечено во специјален костум со машна пеперутка и каппа цилиндер, дизајнирани специјално за него.

Елизабет пред да се омажи, два пати била верена, но и двата пати свадбата била откажана. Потоа таа излегувала често и во шест години била на состаноци со 220 различни мажи.

„Мислев дека е најдобро за мене да се омажам за Логан. Тој никогаш не ме остава, ниту јас. Некои луѓе мислат дека сум луда. Мислам дека ова е сосема нормално”, рекла Хоад за американските медиуми.

Елизабет не е првата личност што се омажила за своето куче. Истото го стори и Вилелмина Калаган, која се омажи за своето куче во 2009 година.

Share
Scroll to Top