Американски новинар заработи отказ, затоа што се самозадоволувал преку зум

Американски новинар заработи отказ, затоа што се самозадоволувал преку зум

пред 3 години

Угледниот американски правен аналитичар и новинар на магазинот New Yorker, Џефри Тобин, заработи отказ затоа што бил виден како се самозадоволува преку апликацијата зум. Тобин заработи отказ по 27 годишна кариера.

Тој на состанокот и деловен разговор кој го водел преку апликацијата зум, со неговите колеги, бил виден како се самозадоволува. На интернет кружи негова фотографија од состанокот, на која може да се видат шокираните лица на неговите соговорници.

Иако Џефри им се извинил на сите, тој ја изгубил угледната позиција која ја имал во магазинот.

„Денес добив отказ од New Yorker. Заработив отказ по 27 годишна кариера. Секогаш ќе го сакам тој магазин. Ќе ми недостигаат колегите и се радувам што во иднина ќе ја следам нивната работа“, напиша Џефри на „Твитер“.

Од друга страна, магазинот јавно му се заблагодари на неговата досегашна соработка, а „Си-ен-ен“, истакна дека експертот нема некое време да се појавува на малите екрани поради лични прашања.

Share
Scroll to Top