Водечки тренд во уредувањето на ентериерот за оваа година

Водечки тренд во уредувањето на ентериерот за оваа година

пред 3 години

Додека пред неколку години во целиот свет владееше трендот на уредување со премногу детали, во последно време сѐ попопуларна е новата скандинавската филозофија лагом, која води потекло од Шведска. Целата поента е во едноставноста и мирот.

Овој тренд подразбира вистинска мера измеѓу минимализмот и пренатрупаноста, а во целина создава топол и мирен животен простор, кој во нас ќе буди убави емоции.

Доколку сакате домот да го уредите во овој стил, потребно е да се водите според овие едноставни правила:

1. Отстранете го вишокот

Во овој случај важи правилото помалку е повеќе. Во склад со тоа, за секоја просторија избирајте мебел во зависност од тоа како и колку ќе ја користите, а трудете се дури и деталите да имаат употреблива функција. Исфрлете го сето она што не може да се користи и го задушува просторот.

2. Избирајте неутрални бои

Одамна знаеме дека изборот на боја во ентериерот има големо влијание на тоа како ќе се чувствуваме, па Скандавците секогаш избираат мирни бои, како белата, сивата и земјените тонови.

3. Избирајте елементи од природата

Ова е еден од клучните принципи во уредувањето на домот во Шведска, кој подразбира избор на природни материјали како дрвото, волната или платното, а сѐ со цел постигнување топлина и комфор. Облагородете го својот дом со разни билки за да постигнете подобра атмосфера.

Share
Scroll to Top