(Видео) Осумнаесет слонови најдени мртви во резерват во Индија, настрадале од удар на гром

(Видео) Осумнаесет слонови најдени мртви во резерват во Индија, настрадале од удар на гром

пред 3 години

Во североисточната индиска држава Асам, била пронајдени 18 мртви слонови. Животните биле најдени во заштитениот резерват Кандоли во Нагаона, а државните официјални претставници, соопштиле дека тие настрадале од удар на гром.

Локалното население веднаш ги известиле властите, откако ги нашле животните, јавува „Би-би-си“. Во Индија има повеќе од 27.000 азиски слонови, од кои околу 21% се во Асам. Ова е првпат по 20 години на ова место, да настрадаат толку животни.

Државните официјални претставници, велат дека се загрижени поради овој случај и најавија истрага.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top