Американски пејач се оженил и починал истата ноќ

Американски пејач се оженил и починал истата ноќ

пред 1 година

Џејк Флит кантри музичарот од САД, починал во сон само неколку часа по неговата венчавка во саботата, пишуваат американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Причината за неговата смрт се уште не е утврдена. Сопругата на пејачот објави видео од нивната венчавка.

“Како луѓето ја преживуваат оваа голема болка? Денеска требаше заедно да ги погледнеме свадбените фотографии, а наместо тоа, барам што да облечам на погребот на мојот сопруг. Срцето ми се крши, не можам да го поднесам ова”, напиша сопругата на пејачот во емотивната објава на Фејсбук.

Флинт (37) живеел во Тулса, а пораснал во Холденвил. Неговиот прв албум беше I’m Not Okay од 2016 година, а оттогаш тој објави уште три албуми. Тој беше истакнат изведувач на Future Faces Show и на доделувањето на Texas Regional Radio Music Awards 2018.

Share
Scroll to Top