Американски таблоид излезе со насловна дека кралицата Елизабета има уште неколку месеци живот

Американски таблоид излезе со насловна дека кралицата Елизабета има уште неколку месеци живот

пред 3 години

Американскиот таблоид National Enquirer излезе со насловна страна во која вели дека британската кралица Елизабета Втора има уште неколку месеци живот.

Како што пренесуваат медиумите во текстот пишува дека кралицата има проблеми со срцето, поради кои таа уште оваа година би можела да биде хоспитализирана.

Поради тоа што пандемијата со коронавирусот е во тек, како што тврдел извор близок до кралското семејство, кралицата не сака да зборува за своите проблеми.

„Таа не сака да зборува за својата здравствена состојба и одлучи да ја сокрие од јавноста“, вели изворот.

Иако ваквата вест е шокирачка за голем број фанови на кралското семејство, од палатата засега не се премногу загрижени и се немаат огласено за споменатата тема.

Share
Scroll to Top