Ана Бекута која беше во љубов со Мрка сега живее со неговата бивша жена

Ана Бекута која беше во љубов со Мрка сега живее со неговата бивша жена

пред 2 години

Фолк-пејачката Ана Бекута и Даша, поранешната жена на Милутин Мркоњиќ Мрка, почнаа да живеат заедно една година по неговата смрт. Во јавноста отсекогаш се знаеѓе дека двете жени се во добри односи, но смртта на познатиот политичар дополнително ги зближи.

dobivaj vesti na viber

Според весникот „Блиц“, Ана чувствувала потреба да ѝ помогне на Даша во загубата што и двете ја чувствуваат, па затоа ја повикала да живеат заедно. Иако Даша прво одбивала, откако ѝ се влошила здравствената состојба сепак прифатила да се пресели во станот што Ана го делеше со Мрка.

„Даша сега живее со Бекута. На Ана ѝ беше жал што Даша нема никого, а по смртта на Милутин не ѝ беше добро и ѝ требаше помош. Бидејќи остана сама, ја покани кај неа, а Даша ја прифати понудата. Тие веќе некое време живеат заедно, и Даша сега е многу подобра. Таа не излегува често, но Ана има голема тераса полна со зеленило, па Даша често престојува таму. Бекута се грижи ништо да не пропушти, редовно ја носи на лекарски прегледи. Неколку пати заедно излегле и на шопинг за да може Даша да се прошета, а на гробот на Мрка редовно одат заедно. Внуката на Ана, Соња, сега живее во станот на Даша“, рекол изворот близок до Бекута за весникот „Блиц“ и открил дека Даша ѝ го препишала станот на внуката на Ана.

„Даша еднаш неделно доаѓа во нејзиниот стан да однесе некои работи што ѝ останале. Здравјето ѝ е многу подобро. Мрка и Ана заедно се грижеа за Даша и додека тој беше жив. Ана често готвеше ручек и го носеше во станот на Драгана. Честопати сите тројца одеа на вечера заедно бидејќи Мрка не престана да се грижи за својата поранешна жена. На Ана воопшто не ѝ пречеше кога Милутин ја водеше Даша на вечера. Бекута е свесна дека Милутин би се гордеел со неа за тоа што го прави за Даша. Мислам дека во станот со Даша и Ана е и мајката на пејачката“, додал пријателот што сакал да остане анонимен.

 

Share
Scroll to Top