Ангеловски: Следниот селектор ќе треба да ми заблагодари за тимот кој ќе му го оставам

Ангеловски: Следниот селектор ќе треба да ми заблагодари за тимот кој ќе му го оставам

пред 4 години

Македонскиот селектор Игор Ангеловски – Мрме, за италијанските медиуми изјавил дека било кој нареден кој ќе дојде на негово место, треба да му се заблагодари за тимот кој ќе го наследи.

„Не знам до кога ќе бидам селектор, но, мојот наследник ќе треба да ми се заблагодари, ќе му оставам компактен тим. Кога ја презедов Македонија, селекцијата беше на 166. место на листата на ФИФА. За шест години се искачивме дури 108 позиции погоре. Преземав еден мозаик, кој требаше да се нареди. Морав да го сменам менталитетот кај младите од сите националности“, изјавил Мрме.

Селекторот бележи големи успеси со македонскиот национален тим кои не остана незабележани во Европа. Тој успеа да ја однесе Македонија на Европското првенство и да направи сензација и по цели 20 години да ја порази Германија на гостински терен.

Македонија со 1:2 беше подобра во дуелот за квалификациите за Мундијалот кој во 2022 година ќе се игра во Катар.

Ангеловски за италијанските медиуми истакна дека најголемите заслуги одат за фудбалерите и потенцираше дека овој успех не би бил можен, доколку Горан Пандев не се вратеше во националниот тим.

„Направивме голем успех со пласманот на Европското првенство, тоа засекогаш ќе остане во нашата историја, исто како и победата над Германија. Головите на Пандев и на Елмас против Германците никогаш нема да ги заборавам“, изјавил Мрме.

Тој неодамна за „Репотер“ ни кажа дека по пласманот на ЕП и победата над Германија, тој го живее својот сон. Ни кажа како чекал ред за да го купи албумот на „Паними“ во кој ги има и фудбалерите на Македонија и како уште од мал во Градскиот парк се менувал со сликички.

„Татко ми не ми дозволи да станам пилот, па почнав да играм фудбал“ – искрeно со сeлекторот Игор Ангеловски

Share
Scroll to Top