„Англичаните ги мрзат Србите“, се жалат навивачите на Ѓоковиќ оти не ги пуштиле со знамиња на Вимблдон

„Англичаните ги мрзат Србите“, се жалат навивачите на Ѓоковиќ оти не ги пуштиле со знамиња на Вимблдон

пред 3 години

И овогодинешниот Вимблдон не можеше да помине без проблеми, пишува  Ало.рс., оти како велат, Британците со години не можат да се помират со успехот на Новак Гоќовиќ. А, тоа го докажаа и во претходните десет дена, пишуваат српските медиуми.

„Имено, навивачите на најдобриот играч на светот не смееја да влегуваат со знамињата на нашата земја. Ова го потврдија многумина кои сакаа српскиот тробојка да биде пренесен на Вимблдон’, пишува ало рс и сподели неколку твитови.

Еј, Вимблдон, во средата бевте толку алергични на секое српско знаме, па затоа од сите што ги имавме не замолија да ги отстраниме, иако димензиите беа во согласност со прописите. И сега гледам канадски знамиња. Дали и нив ќе ги тргнете? Или, вие избравте да ги дискриминирате само навивачите на Гоковиќ? – прашува еден од обожавателите на Новак

“Тие не дозволија дури и кога знамето беше преклопено на половина – затоа што дури и минијатурните беа забранети“, напиша друг навивач.

.

Share
Scroll to Top