Андрија Милошевиќ ќе стане татко, неговата девојка е бремена во петти месец

пред 3 години

Српскиот актер Андрија Милошевиќ и неговата колешка и долгогодишна партнерка Александра Томиќ ќе станат родители. Српските медиуми објавија дека Томиќ е во петтиот месец од бременоста, но сѐ уште не го откриваат во јавност полот на бебето.

Сандра и Андрија се заедно речиси десте години . Уште во 2014 година, Андрија во интервју кажа дека Сандра е остварување на неговите соништа.

„Сандра и јас сме заедно и уживаме во љубовта. Го поминуваме секој слободен момент заедно и се обидуваме најдобро да го искористиме времето помеѓу бројните деловни обврски. Патуваме многу, се забавуваме и можам да кажам дека во Сандра најдов сѐ што барав кај една девојка“, изјавил актерот.

Share
Scroll to Top