Арбреша Реџепи после една минута поразена на ОИ

Арбреша Реџепи после една минута поразена на ОИ

пред 3 години

Македонската џудистка, Арбреша Реџепи издржа само една минута во своето олимписко деби. Утринава таа загуби со ипон од Британката, Жил Челзи, во категоријата до 52 килограми и со тоа го заврши настапот на ОИ.

Досега се натпреваруваа тројца од вкупно осуммте македонски натпреварувачи на Олимпијадата во Токио, кои како и Реџепи, ги завршија своите настапи. Вчера стрелецот Борјан Бранковски го зазеде 21-вото место во квалификациите стрелаштво со воздушен пиштол на 10 метри, како и пливачот Филип Деркоски кој заврши на последното место во квалификациите на 400 метри слободно.

Следен Македонец кој ќе одржи својот настап во Токио е Дејан Георгиевски во дисциплината таеквондо, во категорија +80 кгр. Неговиот настап е предвиден за 27 јули. 

Share
Scroll to Top