Аргентинско семејство се враќа дома по 22 години пат околу светот со автомобил од 1928

Аргентинско семејство се враќа дома по 22 години пат околу светот со автомобил од 1928

пред 3 години

Аргентинското семејство Зап се враќа дома по цели 22 години откако го обиколија светот. Тие се возеа околу светот во автомобил од 1928 година.  Херман и Канделарија Зап авантурата ја почнаа во 2000 година. Во меѓувреме добија четири деца кои веќе се пораснати.

Досега поминале 362.000 километри на пет континенти. Пред три дена влегоа во Аргентина од Уругвај, во центарот на Буенос Аирес треба да дојдат во недела. Токму отука и тргнаа на пат околу светот на 25 јануари 2000.

„Имам измешани чувства. Го иполнивме сонот. Го завршивме патувањето и се прашувам следи сега?“,  вели 53. годишниот Херман. Канделарија, која имаше 29 години кога тргна на патувањето, вели дека најдоброто и најголемо откритие ѝ се луѓето кои ги среќевеле за време на патувањето. „Луѓето се прекрасни и многу ни помогнаа“, изјави таа.

Додава дека посетиле најмалку 102 држави и дека некогаш морале да одат по заобиколен пат за да избегнат војни и други видови конфликти.

Херман и Канделарија биле во брак шест години кога го почнале патувањето. На пат за Алјаска некој им понудил американски автомобил „грем-пејџ“ од 1928, кој бил во доста лоша состојба. „Моторот беше лош. Бојата ужасна. Немаше клима. Не изгледаше  удобно, ама беше чудесен. За 22 години променивме само осум комплети гуми и една поправка на моторот. Тој буквално ни беше дом“, вели Херман.

Нивните деца, сега имаат 19, 16, 14 и 12 години, а се родени во САД, Аргентина, Канада и Австралија.

Share
Scroll to Top