Атина Рувинова од Охрид најдобра на натпреварот по информатика во Белград

Атина Рувинова од Охрид најдобра на натпреварот по информатика во Белград

пред 3 години

Деветтоодделенката од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид Атина Рувинова, беше најдобра на натпреварот по информатика – Купот во Белград, Србија, каде претставници од повеќе земји се натпреваруваа по математика, физика и информатика екипно и поединечно.

Таа беше единствен претставник на Република Македонија по информатика и го освои златниот медал, со  максимален број бодови.

Натпреварот за домаќините беше со физичко присуство, додека учесниците од другите земји на  натпреварот настапуваа онлајн

Најновиот успех на Атина доаѓа по освојувањето на првото место оваа година на регионалниот натпревар по информатика и првото место на државниот натпревар по информатика.

Извор: Охрид Прес

Share
Scroll to Top