Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски освои злато во трката на 3.000 метри на Балканското првенство во сала, што викендов се одржува во Истанбул. Тој стана нов балкански шампион со време од 8:03:95 минути. Ивановски имаше подобро време од Чихат Улус од Турција и Словенецот Вид Ботолин.
На атлетската Балканијада учествува и Јован Стојковски, кој ќе настапи во трката на 400 метри.
На Балканското атлетско првенство во сала во Истанбул настапуваат над 250 атлетичари од 22 држави.
Ивановски следниот викенд ќе настапи и на Европското првенство во сала што ќе се одржи во Торун, Полска.