Аутопсијата откри од што навистина починал Роби Вилијамс

Аутопсијата откри од што навистина починал Роби Вилијамс

пред 2 години

Познатиот глумец Робин Вилијамс се самоуби во август 2014 година, а аутопсијата откри дека причините не е алкохолот и депресијата, туку дека страдал од деменција на телото Леви (Lewy), вид на деменција што го менува начинот на размислување, движење, однесување и расположение.

Станува збор за ретка болест на мозокот.

„Деменцијата на телото Lewy (LBD) е всушност спектар на болести што ја вклучува и Паркинсоновата болест. Причината за LBD сè уште е непозната“, рече неговата вдовица Сузан Шнајдер Вилијамс во интервју за „Гардијан“.

„Докторите разговараа со мене по обдукцијата и ме прашаа дали сум изненадена кога дознав дека Робин ги има овие леви тела во р‘бетниот и целиот негов мозок. Ми објаснија и зашто се однесува така како што се однесува. Очигледно, некои туѓи тела му се инфилтрирале во мозокот“, додаде таа.

Сузан рече дека сака да ги расчисти сите заблуди околу неговата смрт и да ја рашири свеста за оваа ретка болест на мозокот. Еден од начините на нејзината борба е и филмот „Желбата на Робин“, приказна за последните денови на славниот актер.

Двајцата се запознале во 2007 година, во продавница, а четири години подоцна се венчале. Само две години подоцна му се појавиле првите симптоми. На почетокот имал стомачни болки, па почнале да му се тресат рацете, па пател од несоница.

„Стана параноичен, никогаш порано не беше таков. Тоа е приказната со LBD, симптомите не се појавуваат одеднаш и наизменично. Тоа ги збунува и пациентот и лекарот. Не знаете што е симптом, а што не“, објасни Сузан.

Пред да се самоубие, лекарите му дијагностицирале Паркинсонова болест. Но, дури и тогаш се сомневале во тоа, затоа што симптомите не вклучуваат параноја, депресија и анксиозност.

Тогаш решиле да посетат невролог. Само една недела пред закажаниот преглед, Робин се самоубил.

„Мислам дека сакаше да го избегне тој преглед. Сигурно мислел дека ќе го затворат таму и никогаш нема да излезе“, рече Сузан, додавајќи дека по неговата смрт сите медиуми пишувале дека починал или од депресија, или од алкохолизам, или од комбинација од двете.

„Робин беше чист од алкохол шест години пред неговата смрт. Во 2014 година на кратко отиде во центарот за рехабилитација за да медитира и да се опорави. Бев бесна кога ги видов насловите дека повторно пие, бидејќи знам дека има многу лекувани алкохоличари на кои тој им беше инспирација да излезат“, рече Сузан, додавајќи дека по обдукцијата дури и лекарите биле зачудени кога сфатиле колку мозокот му бил поради болеста.

„Ми рекоа дека тоа е најлошиот случај што го виделе. Убедена сум дека оваа болест го навела да се самоубие. Затоа зборувам за тоа за да науката се насочи кон потрагата по лек и општо правилна дијагноза. Робин никогаш не ја доби таа дијагноза додека беше жив. Да ја добиеше, можеби ќе имаше уште неколку години живот и ќе успееше да израдува и охрабри некој друг. Што се однесува до мене, тој секогаш се појавува кога ми треба. Еден час пред ова интервју го видов во нашиот двор“, рече Сузан.

„Ова само покажа дека не зборуваме многу кога станува збор за болестите. Депресијата беше симптом на LBD и затоа не беше психолошки индуцирана, туку невролошка по потекло. Му се распаѓаше мозокот“, рече Сузан, додавајќи дека проблемите со зависноста не биле причината за неговата смрт

За потсетување, Вилијамс се самоуби во август 2014 година, а во тоа време многу се пишуваше за причините за ваквата одлука на познатиот комичар. Многумина веруваа дека тоа го направил поради депресија или алкохол.

 

 

 

 

 

Share
Scroll to Top