Фолк пејачот Аца Лукас (54) доживеал сообраќајна несреќа, објавија српските медиуми. По концертот во Амстердам, пејачот слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде што го чекал возачот. Но, кога продолжиле понатаму, во еден момент друг автомобил со голема брзина удрил во нивното возило. Лукас бил на совозачкото седиште. Иако е предизвикана голема материјална штета на возилото на Лукс тој и возачот се во добра состојба