На повеќе радија денеска премиерно ќе биде пуштена песната „Починка“ во изведба на „Банкрот блуз бенд“. Мелодијата првпат е изведена на „Скопскиот фестивал“ во 1976 година, а ја отпеа познатата хрватска пејачка Зденка Ковачичек. Музиката ја напиша Љупчо Константинов на текст на Блаже Конески.
По цели 30 години, Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе, обединети во легендарната македонска група „Банкрот блуз бенд“, се собраа повторно за да му оддадат почит на Блаже Конески.
По заедничкиот концерт во септември 2020 година во Куршумли ан, но и пауза по 20 години „Банкрот блуз бенд“ повторно се активни. Зад нив се веќе неколку настапи низ Македонија, првиот беше во Кичево, а следуваат концерти во Битола, Охрид, Струмица.